Достапни линкови

Германија ги уверува евреите и муслиманите дека сунетот останува


Германскиот канцелар Ангела Меркел вети дека на муслиманите и евреите ќе им биде дозволено да продолжат со сунетот и покрај одлуката на судот дека станува збор за практика која на телото му нанесува болка.
Портпаролот на владата Штефан Шаиберт изјави дека владата ќе најде начин со носење брза законска регулатива процесот на сунетот (остранување на кожичка од врвот на пенисот) да се врши во безбедни услови.
Судот во Келн минатиот месец донесе одлука оваа практика да може да се врши само на возрасни откако едно 4 годишно момче од муслиманска вера кој прокрваре. Според еверјската традиција, сунетот се врши осмиот ден по раѓањето на момчињата. Муслиманската практика варира од секта до секта и согласно локалните традиции.
XS
SM
MD
LG