Достапни линкови

Разговори меѓу САД и Русија за ракетната одбрана во Европа


Во Вашингтон беа одржани разговори меѓу шефот на американскиот Генералштаб генерал Мартин Демпси и првиот заменик министер за одбрана на Русија Николај Макаров. Во соопштението на Пентагон се наведува дека се разговарало за плановите за поставување одбранбен ракетен штит во Европа. На состанокот станало збор и за други актуелни прашања во светот, пред се за развојот на ситуацијата во Сирија и во Авганистан.
XS
SM
MD
LG