Достапни линкови

Нов бомбашки напад во Пакистан


Властите во Пакистан соопштија дека најмалку пет лица биле убиени, додека десетина други биле ранети во денешната експлозија на бомба на еден политички митинг во провинцијата Балочистан. Се уште не е јасно кој е одговорен за нападот. Во оваа провинција од 2004 година се активни сеператистички бунтовници кои се борат за поголема автономија.
XS
SM
MD
LG