Достапни линкови

Нови стипендии за докторски студии во странство


Александар Ѓорѓиев

Александар Ѓорѓиев

Македонската влада ќе доделува полна стипендија на секое лице што ќе успее да се запише на докторски или специјалистички студии во областа на медицинските, стоматолошките или фармацевтските науки на еден од стоте најреномирани универзитети во светот. Ова на денешната прес конференција го најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Меѓу другото, еден од условите е кандидатот да има добиено позитивно мислење од Советот за специјализација при Министерството за здравство за потребата на јавното здравство од таква специјализација на територијата Македонија. ,,Во случај кандидатот да реши да не се врати во Македонија и да работи најмалку 9 или 15 години мора да ги врати сите исплатени средства во износ десет пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна една година од завршувањето на студиите,, изјави Георгиев.
XS
SM
MD
LG