Достапни линкови

Има волја за разговори, но не и за решение


Архивска фотографија: Средба на премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН Метју Нимиц.

Архивска фотографија: Средба на премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН Метју Нимиц.

Декларативни заложби има, но не се прави ништо суштинско за решавање на спорот за името со Грција.

Македонската страна се уште нема информации за можни средби со медијаторот Метју Нимиц, по изјавата на портпаролот на грчкото МНР Грегори Делавекурас дека наскоро може да се случи средба со посредникот за да се види како понатаму ќе се движи процесот. Универзитетскиот професор Димитар Мирчев не очекува такви средби во скоро време, особено не во регионот.
Не, јас не верувам дека може да дојде до брзи решенија, без разлика на контактите, меѓутоа контактите се битни, средбите се битни апсолутно, на нив ќе се определи всушност таа динамика на решавањето на спорот.

„Засега, летово, мислам дека нема да има такви контакти, барем не посети на двете страни, на регионот како досега, можеби во Њујорк ќе има некои средби.“
Премиерот Никола Груевски на една од средбите со поранешниот грчки премиер Јоргос Папанреду во Брисел.

Премиерот Никола Груевски на една од средбите со поранешниот грчки премиер Јоргос Папанреду во Брисел.


Поканата на премиерот Груевски за разговори со грчката страна „ден порано“, домашните аналитичари различно ја толкуваат. За некои од нив, „брзањето“ на Груевски е во функција на политички маркетинг пред избори.

Професор Абдула Азизи вели дека не е важно тоа што се кажува пред камери, туку тоа што се прави кога ќе се седне на маса. Не очекува придвижување на разговорите во периодот пред нас, ниту, пак, отстапки од грчка страна.
Сега се приближуваат изборитете и тој мора нешто да каже, дека еве ние сме заинтересирани, тоа е политичка работа која тие знаат умешно да ја употребуваат. Еве дури нема ни средби, само јавноста се известува за нешто, а содржински не се работи ништо на таа тема.

„Сега се приближуваат изборитете и тој мора нешто да каже, дека еве ние сме заинтересирани, тоа е политичка работа која тие знаат умешно да ја употребуваат. Еве дури нема ни средби, само јавноста се известува за нешто, а содржински не се работи ништо на таа тема.“

За професор Мирчев, пак, ова е знак дека македонската страна е заинтересирана за средба од која пак ќе зависи натамошната динамика на преговарачкиот процес. Двете страни во моментот даваат добри сигнали дека нешто може да се помести и да се одмрзне дијалогот кој поради ситуацијата во Грција долго време го немаше, вели Мирчев.

„Не, јас не верувам дека може да дојде до брзи решенија, без разлика на контактите, меѓутоа контактите се битни, средбите се битни апсолутно, на нив ќе се определи всушност таа динамика на решавањето на спорот“, изјави Мирчев.

Азизи, пак, е уверен дека македонската Влада не покажува добра волја за надминување на ова прашање, иако постојано се декларира како конструктивна и решена да го надмине овој проблем.

„Ние постојано велиме дека имаме добра волја, а кога седнуваме на маса не попуштаме ништо, тоа не резултира со ништо. А тие имаат цврст став во однос на тоа што треба и како треба, тие ни кажале на нас што треба да направиме, а ние сега сакаме да зборуваме, а не да попуштиме.“

Премиерот Груевски вчера изрази подготвеност да оди каде што ќе сака и кога ќе сака грчката страна и да разговара за да се надмине прашањето за името. Тој му порача на грчкиот сосед да запре со непродуктивните исфрлања негативни енергии, обвинувања и клевети насочени кон Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG