Достапни линкови

Кинескиот раст намален на 7.6 насто


Кина соопшти дека нејзиниот економски раст е забавен на нов три-годишен минимум во вториот квартал на 2012 година, бидејќи извозот и потрошувачката се намалени.
Според денеска објавените податоци втората по големина економија во светот бележи раст од 7,6 насто во вториот квартал.
Во првото тромесечие растот беше 8,1 насто. Аналитичарите очекуваат раст да се засили во втората половина на годината. Кинеската влада на годишно ниво очекува раст од 7,5 проценти.
XS
SM
MD
LG