Достапни линкови

logo-print

Автономијата на северно Косово ќе побуди такви апетити и во Македонија


Мапа на Србија од 2007.

Мапа на Србија од 2007.

Се погласните шпекулации за автономно северно Косово можат да имаат импликации во сите земји од Западен Балкан. Експертите апелираат за зачувување на постојните граници.

Доколку се остварат шпекулациите и се позачестените анализи кои најавуваат можна разврска на состојбата во Северно Косово преку можна реализација на идејата за автономија на овој дел од новоформираната држава, тоа без сомневање ќе има сериозни импликации во регионот, се коментарите на политичките партии и на аналитичарите во Македонија.
Особено сега во поново време кога се лиферуваат некои тези, не само нов БЕНЕЛУКС во сферата на економската соработка, тоа пред се има политички импликации, тоа веќе на овие простори е сосема јасно.

Евентуалниот ваков преседан со автономија на северот од Косово, вели Тито Петковски од НСДП, апсолутно ќе побуди слични такви апетити и интереси и во Македoнија.
Српското националано знаме меѓу дрвја во северно Косово.

Српското националано знаме меѓу дрвја во северно Косово.


„Особено сега во поново време кога се лиферуваат некои тези, не само нов БЕНЕЛУКС во сферата на економската соработка, тоа пред се има политички импликации, тоа веќе на овие просотори е сосема јасно.“
Овие граници што ги имаме треба да се почитуваат, а односите, состојбите и одредените недоразбирања треба да се решаваат врз основа на политички дијалог, се разбира повторно со посредство на надворешниот фактор, затоа што ете се гледа дека надворешниот фактор се уште е присутен.

Ваквата дезинтегрирачка тенденција на Косово или боснизацијата на Косово ги отвора тенденциите за контролирана дестабилизација и креирање нови автономни области во сите држави од Западен Балкан, без исклучок, е реакцијата на лидерот на НДП Руфи Османи според кого таквата ситуација би можела да се амортизира само со креирање реципрочен маханизам во релациите Косово- Србија со давање ист степен на автономија и на Прешевската долина со мнозинско албанско население.

Согласно сегашната определба Косово да се биде признато во досегашните граници, не би требало да се очекува промена на границите, анализира професорот Осман Кадриу. Евентуалната промена на границите би ги нарушило осносите и во самото Косово меѓу Албанците и Србите но би можеле да побудат слични претензии и во соседните држави со оглед на тоа што во Македонија повеќепати биле присутни вакви идеи, вели Кадриу.

„Овие граници што ги имаме треба да се почитуваат, а односите, состојбите и одредените недоразбирања треба да се решаваат врз основа на политички дијалог, се разбира повторно со посредство на надворешниот фактор, затоа што ете се гледа дека надворешниот фактор се уште е присутен.“

Фактот што косовскотот прашање не е сосема решено, укажаува на тоа дека постојат се уште предизвици во врска со тоа, додава Александар Спасеновски од ВМРО ДПМНЕ. Тој се надева на ангажманот на меѓународната заедница, но и на дијалогот меѓу Белград и Приштина кои според него ова прашање ќе го решат на цивилизиран начин.

„Нашата држава сега треба будно да ги следни случувањата во регионот, вклучувајќи го и Косово, меѓутоа во најголема можна мера како за позитивните, таа и за негативните аспекти од развојот на приликите во регионот, зависи од Република Македониа која треба да има доволно политички, институционали и безбеносни сили да се прави со сите предизвици.“

Според анализите на косовскиот институт КИПРЕД северот на Косово се движи кон автономија за која, како што тврдат веќе постои меѓународен притисок. Може да станува збор и за еден од методите за тестирање на една ваква идеја, додава Петковски според кого сето ова може да упатува и на клучниот американски интерес на Балканот - решавање на албанското прашање.
XS
SM
MD
LG