Достапни линкови

Сирија - власта и опозицијата гo потврдија масакрот во Хама


Hama - arhiva

Hama - arhiva

Сириските власти и опозицијата меѓусебно се обвинија за масакрот во провинцијата Хама. Според опозициските активисти, во селото Треимса над 200 лица биле убиени при напади на сириската војска. Лидер на бунтовниците изјави дека сириските про-владини сили употребувале хеликоптери и минофрлачи во офанзивата.
Државните медиуми пак за масакрот ги обвинија како што оценуваат „терористичките групи“. Вестите не можат да бидат потврдени од независни новинари. Советот за безбедност на ОН пак, е повторно „заглавен“ околу резолуцијата за Сирија. Русија отфрла резолуција на Западот со која на режимот би му се дал ултиматум да го примени мировниот план или да се соочи со санкции.
XS
SM
MD
LG