Достапни линкови

logo-print

Кипар - Се надеваме на позитивен развој за името


Кипарскиот амбасадор во САД Павлос Анастасијадес, на претставувањето на приоритетите на кипарското претседавање со Европскиот Совет во врска со проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западниот Балкан изјави дека Унијата е задоволни што Црна Гора ги почнува преговорите, и што Србија го доби статусот на кандидат за членство во ЕУ.
Кипар, рече Анастасијадес, ја поддржува европската перспектива за сите земји од регионот, исто така и за поранешната југословенска Република Македонија.
„Се надеваме дека ќе има позитивен развој на настаните по прашањето за името, за да можеме да одиме натаму. Тоа многу зависи од раководството во Скопје“.
,изјави амбасадорот Анастасијадес, кој ги претставуваше кипарските приоритети на средба што во Вашингтон ја организираше Американскиот еврејски комитет.
XS
SM
MD
LG