Достапни линкови

Синоќешното невреме предизвика пожари


Бригадата за заштита од пожари на Град Скопје од синоќа па се утрово интервенирала на 28 места по пријави како последица од невремето што ги зафати речиси сите скопски општини. Благоја Менковски, командир во Противпожарната единица информира дека е интервенирано и успешно се изгаснати пожари меѓу другите во индивидуални куќи во село Моране, на опожарена сува трева, склад со градежен материјал, патнички возила. „Пожарите се изгасени без да има повредени поражникари и граѓани. Дежурните противпожарни служби се на терен, максимално мобилизрани за локализирање на пожарите“ изјави Менковски. Според него, за пожарите причина е невремето што синоќа ја зафати котлината. Тој смета дека во ваков случај доволно е и најмало невнимание од човечкиот факор, но секако, пресудно е силното воздушно струење кое предизвикува триење на високонапонските кабли и создавање искри. Тој вели дека пожари синоќа се пријавени во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Драчево и Центар.
XS
SM
MD
LG