Достапни линкови

Намален кредитниот рејтинг на Италија


Агенцијата “Мудис” го намали кредитниот рејтинг на италијанските државни обврзници поради очекуваниот пораст на задолжувањето предизвикан од финансиската ситуација во Европа. Одлуката на меѓународната агенција следи по напорите на официјален Рим за обезбедување на 5,25 милијарди евра со емисија на државни записи. "Мудис" предвидува дека италијанската економија ќе се намали за 2 проценти годинава со што ќе се отежне постигнувањето на финансиските цели на земјата.
XS
SM
MD
LG