Достапни линкови

Критики од ЕУ за Романија


Виктор Понта

Виктор Понта

Лидерите од Европската унија упатија остри критики за премиерот на Романија Виктор Понта поради обидот на владата за смена на претседателот Трајан Басеску и одземање на силата на судството. Понта беше повикан во Брисел откако левичарската влада го суспендираше шефот на државата и омбусманот со издавање на итни декрети. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изрази сериозна загриженост од последните политички случувања во Романија.
XS
SM
MD
LG