Достапни линкови

Поранешниот армиски шеф на босанските срби Ратко Младиќ ќе лежи во болница во следниве два дена, откако му се слоши за време на судењето во Хашкиот трибунал, изјави адвокатот на обвинетиот. Бранко Лукиќ рече дека на Младиќ му се вратил осетот во десната рака и нога откако доживеа парлализа. На Младиќ му се суди за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година.
XS
SM
MD
LG