Достапни линкови

logo-print

ММФ- Грција доцни во примената на спасувачкиот план


Меѓународниот монетерен фонд констатирал задоцнување на Грција во примената на програмата за буџетски корекции, побарани од ЕУ, Европската централна банка и ММФ, во чија замена на Атина и беше одобрена финансиска поддршка, пренесоа агенциите.

„Има задоцнувања во примената на програмата во некои области . Некои цели беа достигнати, други, пак, не, а во некои случаи ние не располагаме со податоци за да направиме проценка, изјави портпаролот на Фондот, Џери Рајс, на прес конференција во Вашингтон.

Грција, исправена пред банкрот, доби два плана за помош, во вкупна вредност од 380 милијарди евра, условени од програма за драконскии буџетски кастрења, чие извршување се контролира од Тројката кредитори.
Минатата недела грчката влада посочи дека ќе биде неопходно продолжување на рокот за ребалансирање на буџетот, побаран од кредиторите.
XS
SM
MD
LG