Достапни линкови

Русија ќе ја отфри резолуцијата за Сирија


Меѓународниот претставник за Сирија, Кофи Анан.

Меѓународниот претставник за Сирија, Кофи Анан.

Русија денеска ја отфрли предложената резолуција на Советот за безбедност на ОН за Сирија. Рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов изјави дека Русија ќе стави вето на „неприфатливиот“ предлог во Советот за безбедност кога ќе треба да се гласа. Велика Британија, Франција, Германија и САД поднесоа предлог-текст до ОН според кој на сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе му се даде 10 дена за спроведување на планот на Кофи Анан за прекин на огнот или ќе се соочи со санкции. Гласањето за резолуцијата мора да се одржи пред 20 јули, кога завршува мандатот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија.
XS
SM
MD
LG