Достапни линкови

logo-print

„Киро Глигоров“ ги раскара власта и опозицијата


Комеморативна седница во Собранието на Македонија по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров

Комеморативна седница во Собранието на Македонија по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров

Власта и на вториот ден од расправата за измените на Законот за државни награди предложени од опозицијата го отфрла предлогот да се востанови државна награда Киро Глигоров.
Пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека за Глигоров треба да се суди од временска дистанца и затоа сега предлогот е преуранет. Денеска против предлогот се изјаснија и пратеници Албанци, според кои Глигоров не бил еднаков за сите и имал антиалбански ставови. Опозицијата предложи државна награда „Киро Глигоров“ да се доделува на Денот на независноста, 8 септември, на поединци или организации . Наградата треба да е парична во износ од десет просечни плати и да биде на трошок на буџетот.
XS
SM
MD
LG