Достапни линкови

Германија- рабините повикаа „обрежувањето“ да продолжи


Ортодоксните еврејски рабини денеска на Конференција во Берлин повикаа рабините од Германија да продолжат со практиката на обрежување на машките беебиња и покрај тоа што има судска одлука оваа практика да се смета за криминално дело. Рабините соопштија дека практиката на отстранување на кожичката на пенисот кај момчињата дури се се уште бебиња е основен принцип на јудаизмот.
Во јуни Судот во Келн пресуди дека практика на обрежување која освен кај Евреите ја има и кај Муслиманите ќе биде казниво. Одлуката уследи откако беше повредено едно четиригодишно момче при обрежување. Европските еврејски и муслимански организации издадоа заеднички повик германскиот парламент да ја разјасни ситуацијата. Во Германија живеат околу 4 милиони муслимани и околу 200 илјади Евреи.
XS
SM
MD
LG