Достапни линкови

logo-print

Сирија - амбасадорот кој дезертираше ќе биде казнет


Амбасадорот Наваф Фарес

Амбасадорот Наваф Фарес

Од сириското министерство за надворешни работи соопштуваат дека поранешниот сириски амбасадот во Ирак ќе биде казнет за тоа што пребегнал на страната на опозицијата која се обидува да го урне режимот на Башар ал Асад.
Амбасадорот Наваф Фарес е ослободен од неговите обврски и ќе се соочи со законски и дисциплински мерки, соопштуваат од Министерството.
Фарес ја објави својата оставка преку видео порака велејќи дека тој ќе се стави на страна на „револуцијата“ против Асад. Тој е прв висок дипломат кој го напушти сирискиот режим.
Во меѓувреме, ирачкиот министер за надворешни работи изјави дека Фарас ја напуштил земјата и сега се наоѓа во Катар.
XS
SM
MD
LG