Достапни линкови

Во невреме во Јапонија загинале 7 луѓе


Најмалку седум луѓе загинале, а 20 се водат за исчезнати во невреме во Јапонија. Силниот дожд кој го зафатил островот Кјишу ги приморила властите да наредат евакуација на 50 илјади луѓе. Поради дождовите на повеќе места има лизгање на земјиштето, а патиштата се потрупани со кал. Меѓу загинатите шест се возрасни луѓе на возраст од 60 до 80 години кои загинале кога дождот им ги уништил куќите, а едно момче загинало кога го однела надојдена река.
XS
SM
MD
LG