Достапни линкови

logo-print

Компаниите ќе добијат 10, 7 милиони евра од Владата


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во посета на конфекциско перење и сушење во Стојаково.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во посета на конфекциско перење и сушење во Стојаково.

Македонските компании од денеска имаат на располагање 10,7 милиони евра што ги обезбеди Владата, со цел подобрување на ликвидноста и конкуреноста на странскиот пазар во услови на криза, како и 100-те милиони евра што Владата ги обезбедеи од Европската инвестициска банка, а кои се достапни од пред два дена. Средствата ќе се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот со камата од 3 проценти.

„Пред два дена ја објавивме кредитната линија од 100 миолини евра за малите и средни претпријатија која е голема финансиска поддршка за македонското сопанство, а денеска објавуваме дека ставаме во функција и ставаме на располагање уште дополнителни 10,7 милиони евра средства наменети пред се за фирмите што се занимаваат со преработка на земјоделски производи, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Рокот на отплата ќе биде до пет години и грејс период од една година доколку станува збор за основни средства и 18 месеци рок на отплата и три месеци грејс период за кредити за обртни средства. Барањата ќе се поднесуваат директно во Македонската банка за поддршка на развојот во Скопје.
XS
SM
MD
LG