Достапни линкови

Денеска се навршуваат 50 години од формирањето на една од најславните и секако најдолговечни рок групи во светот, Ролинг Стоунс. Членовите на оваа група го држат четвртото место на списокот на 100 најголеми уметници во светот на сите времиња.

Почетоците на Ролинг Стоунс датираат уште од детското пријателство меѓу Мик Џегер и Кит Ричардс некаде во почетокот на пеесетите години од минатиот век.

Тогашниот менаџер и продуцент на Ролинг Стоунс Ендрју Олдхем подоцна призна дека тој во Стоунси видел шанса да ја искористи спротивноста од она што го правеа Битлси.
Скоро деценија потоа, тие ја формираа групата Литл Бој Блу, а потоа и Блу Бојс. Настапувајќи во многу лондонски клубови, Џегер и Ричардс беа импресионирани од гитарските способности на Брајан Џонс и наскоро тројцата станаа цимери и соработници.

Според Џегер, Ролинг Стоунс е дете на Џонс, бидејќи се се вртеше околу неговиот гитарски стил и виртуозност.

На 12 јули 1962 година, групата дебитираше во новото радио шоу на Би Би Си. Всушност бендот настапи откако еден од претходно предвидените музичари реши да не учествува.
Другото е историја во која се преплетуваа разни афери и успеси. Многуминаа сметаат дека тоа било поради грубиот и неполитичен став на членовите на групата кој им донесе немилост и неразбирање со естаблишментот. Но, токму тоа групата ја направи попривлечна за младите кои се чувствуваа отфрлени од општествените текови.

Веднаш потоа дојде и осуммесечен ангжман во еден лондонски клуб. Името Ролинг стоунс беше инспирирано од една песна на легендарниот блуз гитарист Мади Вотерс.

Тогашниот менаџер и продуцент на Ролинг Стоунс Ендрју Олдхем подоцна призна дека тој во Стоунси видел шанса да ја искористи спротивноста од она што го правеа Битлси.

Всушност Стоунси станаа отелотворение на потемната и поизразена сексуална страна на рокенролот.

Комерцијалниот успех на групата се случи во средината на 1964 година со препевот на песната „Сега се е завршено“ на Боби Вомак која се искачи на третото место на топ листите. Но, она што претставува пресвртница во нивниот стил беа сингловите „Ласт тајм“ и „Сатисфекшн“.

Другото е историја во која се преплетуваа разни афери и успеси. Многуминаа сметаат дека тоа било поради грубиот и неполитичен став на членовите на групата кој им донесе немилост и неразбирање со естаблишментот. Но, токму тоа групата ја направи попривлечна за младите кои се чувствуваа отфрлени од општествените текови.

Во средината на шеесетите години, трите најеминентни сили во светската популарна музика беа Битлси, Боб Дилан и Ролинг Стоунс. И додека последното поглавие на Битлси беше напишано кон крајот на таа декада, Стоунси притиснаа на педалите за гас.​
Во 1971 година тие покренаа и сопствена продукција на плочи Ролинг Стоунс Рекордс, додека британскиот дизајнер Џон Пеше се прослави со логото на групата, односно исплазениот црвен јазик кое и денес претставува вистинска икона. Се менуваа години на успешни турнеи, афери со дрога, казни и менување на членовите.

Од креативна и комерицијална страна, пак, Стоунси издадоа 22 студиски албума во Британија и 24 во Соединетите Држави, 11 албуми во живо и безбројни компилации. Стоунси без сомневање имаат најголема публика која ги посетува нивните настапи.

На концертот на плажата Капокабана во Рио де Жанеиро во 2006 година присуствуваа над 1,5 милиони луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG