Достапни линкови

logo-print

Пожарот кај Осломеј ставен под контрола


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Целосно е локализиран големиот шумски пожар што вчера во попладневните часови ја зафати боровата шума на подрачјето на општина Осломеј, меѓу селата Стрелци, Ново Село и Србица, соопштија од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување во Кичево.
Од таму велат дека целосно е запрена опасноста за населените места Србица и Ново Село. До овој момент според првичните проценки, изгорени се околу 15 хектари претежно борова шума.
Авионите на Дирекцијата за затита и спасување стартуваа со акција во 6 часот и 40 минути. Имало осум прелети до 10 часот. Моментално отворен оган нема.
XS
SM
MD
LG