Достапни линкови

Саудиска Арабија испраќа жени на Олимпијада


Саудиска Арабија оваа година ќе испрати жени на Олимписките игри во Лондон, ова е прв пат спортистки од таа земја да се натпреваруваат на Олимпијада.
Меѓународниот олимписки комитет потврди дека две Саудијќи ќе се натпреваруваат во џудо и во алтетика. За претседателот на МОК Жак Рог ова е „многу позитивна вест“ затоа што сега сите земји ќе имаат жени во своите делегации.
Саудиска Арбија беше под силен притисок да прекине со праксата на Олимписките игри да испраќа само мажи. Оваа година на Олимпијадата жени ќе има и во делегациите на Катар и на Брунеи кои исто така досега немаа жени натпреварувачки
XS
SM
MD
LG