Достапни линкови

Арифи-Претпристапниот дијалогот со ЕУ го раздвижи општеството


„Претпристапниот дијалогот со ЕУ на високо ниво за нас e една голема можност имајќи го предвид фактот дека дава можност да се раздвижи не само администрацијата туку и Парламентот и целиот граѓански сектор затоа што таа динамика ни е повеќе од потребна за да имаме процес со кој ќе се движиме кон ЕУ“, изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи на денешната тематска работилница „Дијалог за Пристапниот дијалог“ организирана од Институтот за европска политика (ЕПИ).

Претседателката на Институтот за европска политика Малинка Ристевска Јорданова очекува Пристапниот дијалог да придонесе за унапредување на довербата меѓу Македонија и ЕУ, по, како што рече, есенското заладување на односите и неупотребата на придавката македонски.

Последните податоци на Европскиот барометар од декември покажаа најголем пад до сега во довербата на македонските граѓани во ЕУ според кои 42 отсто искажале доверба наспроти 47 кои рекле дека немаат доверба, а 12 проценти биле неодлучни, што е пад од 13 отсто.
XS
SM
MD
LG