Достапни линкови

Казраи го повика лидерот на Талибанците да учествува на избори


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи го предизвика лидерот на Талибанците Мула Омар да учествува на изборите во земјата. Карзаи изјави дека Омар може да дојде во Авганистан на кое место сака и дека може да си отвори политичко преставништво за себе но дека прво мора да го остави пиштолот.
Мула Омар беше соборен од власт на крајот на 2001 година со американската инвазија. Тој е еден од најбараните луѓе во светот, Соединетите Американски Држави нудат награда од 10 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.
Карзаи во неколку наврати ги повика Омар и другите бунтовници да се откажaт од насилство и да прифатат мирно решение на проблемите, но Талибанците постојано ја одбиваат понудата на Карзаи.
XS
SM
MD
LG