Достапни линкови

Топлотен бран во цела Македонија


Денеска, според Управата на хидрометоролошкиот завод, цела Македонија ќе влезе во портокаловата фаза, односно состојба на топлотен бран, опасна по здравјето. Поради високите температури, Владата вчера препорача државните органи и јавните претпријатија да го организираат работното време од 7 до 15 часот. Температурите во Македонија ќе се искачат до над 40 Целзиусови степени, а кон крајот на денов ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поголемо разладување се очекува од идната недела.
XS
SM
MD
LG