Достапни линкови

Расмусен: нема воено решение на северот на Косово


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на крајот од вчерашната еднодневна посета на Косво изјави дека нема воено решение за проблемите на северот на Косово. ,,Ни треба политички процес кој ќе доведе до целосна интеграција на северниот дел на Косово и косовското општество,, рече Расмусен, оценувајќи дека за тоа е потребно ангажирање на властите во Белград, но и политичка смелост и определба на официјалните политички лица на Косово. Расмусен покрај разговорите со командантот на КФОР генерал Ерхард Древс, имаше одвоени разговори и со премиерот на Косово Хашим Тачи и неговиот заменик Слободан Петровиќ.
XS
SM
MD
LG