Достапни линкови

Иран и Ирак го поддржуваат планот за политичка транзиција на Сирија


Кофи Анан

Кофи Анан

Меѓународниот посредник на ОН, Кофи Анан, изјави дека Иран и Ирак го поддржале планот за политичка транзиција во Дамаск предводен од Сирија. Неколкупати досега Анан изјави дека Иран треба да се вклучи во изнаоѓањето мирно решение за кризата во Сирија и покрај тоа што Западот го отфрла тој предлог. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека улогата на Иран за Сирија не е продуктивна и оти Вашингтон е заинтересиран да работи со држави кои се поконструктивни.
Американскиот амбасадор во ОН, Сузан Рајс, исто така, изјави дека Иран е дефинитивно дел од проблемот во Сирија, бидејќи го "поддржува, помага и поттикнува режимот на Асад.“
XS
SM
MD
LG