Достапни линкови

САД загрижени за руското законодавство


Соединетите Држави изразија загриженост во врска со рускиот закон со кој се принудуваат невладините организации за права и кампањи да се регистрираат како странски агенти. Портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел изјави дека законот ќе наметне нови ограничувања на продемократските организации. Тој рече дека Соединетите Држави изразуваат "длабока загриженост" откако Долниот дом на руската Дума даде почетно одобрување на нацрт-законот, кој е поддржан од претседателот Владимир Путин и партијата Обединета Русија. Предлог-законот ќе ги заостри контролите на невладини организации кои примаат средства од странство, присилувајќи ги да да поднесуваат извештаи за нивната активност два пати годишно. Предлог-законот се очекува да помине второ читање во државната Дума, веќе утре и доколку биде усвоен, треба да биде одобрен од страна на Горниот дом на 18 јули.
XS
SM
MD
LG