Достапни линкови

Тортурата-рутина во таџикистанските затвори


Амнести интернешнал соопшти дека тортурата,тепањата и други малтретирања на затворениците се рутина во затворските центри во Таџикистан. Во новиот извештај под наслов "разнишани животи: тортура и друго малтретирање во Таџикистан" се опишани ризиците со кои се соочуваат затворениците. Има детали што се опишани како несоодветни истраги од страна на властите во врска со тврдењата на тортура. Во извештајот за тортура се наведува дека таџикистанските власти користат методи како што се електрични шокови, врела вода, задушување, тепање, палења со цигари, силување и закани за силување. Меѓудругото се вели дека многу случаи на тортура често завршуваат со смрт. Во извештајот се вели дека често, единствениот начин затворениците да избегаат е да потпишат признание за стореното дело ли да платат мито.
XS
SM
MD
LG