Достапни линкови

Укинат имунитетот на потпретседателката на чешкиот парламент


Власта Парканова

Власта Парканова

Пратениците на чешкиот парламент го укинаа имунитетот на потпретседателката на парламентот и поранешна министерка за одбрана Власта Парканова која се сомничи за местење на тендер при купување на воени авиони за чешката војска. Имунитетот на Парканова е укинат по барање на полицијата. Парканова која учлествува во Владата е под истрага затоа што во време кога била министерка предложила купување на шпанските авиони „Kaса“, притоа не проверувајќи ја нивната цена. Полицијата тврди дека државата е оштетена за десетици милиони евра.
XS
SM
MD
LG