Достапни линкови

Пешевски - нема магична формула за справување со сиромаштијата


Вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски

Вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски смета дека нема магична формула и проект за намалување на сиромаштијата, но вели дека решението на проблемот со сиромаштијата е во програмата на Владата каде има над 1000 проекти кои директно или индиректно влијаат на забрзан економски раст и отворање нови работни места.
Државниот завод за статистика денеска објави дека во Македонија минатата година 30,4 проценти од вкупното население било сиромашно.
Пешевски вели дека Владата не е задоволна од сегашниот стeпен на невработеност и она што се случува, но додава дека не може да се биде незадоволен во однос на она што се случува во светот.
Претставникот на Светска банка во Македонија Лилија Бурунчук истакна дека состојбата во целиoт свет е тешка и и оти Банката и помага на Владата преку анализи на пазарот на работна сила, поволни услови за отворање работни места, како и преку други проекти.
XS
SM
MD
LG