Достапни линкови

Истрага за урнатиот ѕид на Водно


Истрага за причините за уривањето на потпорниот ѕид на Водно, нареди главниот градежен инспектор во општина Центар, Милан Пижула. Главниот инспектор се сретнал со инвеститорите на местото на уривањето и им наредил земјиштето да го доведат во правобитна состојба, односно да се изгради нов ѕид за да се заштитат околните објекти и земјиште.
Од инвеститорите било побарано да достават експертиза за да се утврди зошто паднал ѕидот. Доколку се утврди дека ѕидот не бил направен според прописи и стандарди ќе има и казни како за инвеститорот, така и за изведувачот. Во меѓувреме станарите на загрозените згради нема да може да се вратат во своите домови.
XS
SM
MD
LG