Достапни линкови

Стручноста под тепих, урбанистичкиот хаос на виделина


Под хотелот Панорама на Водно има цела нова населба.

Под хотелот Панорама на Водно има цела нова населба.

При градењето не се почитуваат урбанистичките станадарди, сè се гледа низ призмата на заработката, стручноста ставена под тепих.

Сè помалку проекти се носат на стручна проверка, а новоградбите сè почесто се одобруваат по политички, наместо по стручни основи. Темата се актуелизираше по падот на потпорниот зид меѓу две згради на Водно, што го отвора прашањето дали во екот на таканаречената градежна експанзија се занемаруваат безбедносните стандарди на зградите и другите објекти, посебно во главниот град.
Повеќе дека стандардите во урбанизмот воопшто не се почитуваат, тоа можам со сигурност да го кажам, но ми се чини дека стандардите од аспект на сеизмика релативно се почитуваат.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство Михаил Гаревски вели дека нема директен увид во сите објекти.
Се урна потпорен ѕид на Водно. Две згради се во опасност. Оштетени се и соседните потпорни ѕидови, но во соседството продолжува да се гради.

Се урна потпорен ѕид на Водно. Две згради се во опасност. Оштетени се и соседните потпорни ѕидови, но во соседството продолжува да се гради.


„За жал кај нас многу малку носат проекти за ревизија, порано беше поинаку, тогаш ни носеа повеќе проекти. Но, треба да се знае дека практично до 1965-та кога првпат беа донесени прописи, проектантите стандардно ги земаат предвид сеизмичките сили.“

Проболемот е во почитувањето на урбанистичките стандарди, смета Гаревски.

„Повеќе дека стандардите во урбанизмот воопшто не се почитуваат, тоа можам со сигурност да го кажам, но ми се чини дека стандардите од аспект на сеизмика релативно се почитуваат.“

Порано постоеше централизирана контрола на градежните работи, забележува професор Ѓорѓи Константинов.

„Сега е препуштено сè на себе си. На сè се гледа само како на некаква печалба, дали е тоа за метар станбена површина или за јавна површина не е важно и како што одат работите сето тоа не е засновано на наука, на стручност, на она што го бара современиот живот. Кај нас тоа е сето наопаку завртено.“

За стручните лица и архитектите од странство, Скопје може да се претвори во предмет за исмејување, забележува професор Константинов.

„Практично сега се прави злосторство во областа на архитектурата и на урбанизмот и тоа најголемо злосторство што е направено во Македонија е во овие последни години.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG