Достапни линкови

logo-print

Протест на вработените од „Славија“ пред Владата


Архивска фотографија: протест на стечајни работници

Архивска фотографија: протест на стечајни работници

Вработени во Славија денеска протестираа пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати, најавувајќи дека доколку не се реши проблемот од утре ќе влезат во маркетите на „Тинекс“ од каде ќе земаат стока во вредност колку што им е долгот.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски рече дека за ваквата постапка ќе сносат законски последици и порача дека решението треба да го бараат во рамки на законските одредби.
Тој појасни дека Владата нема долг кон вработените во „Славија“, туку долг има фирмата кон вработените.
Побарувањата се за периодот 1993-1994 година, рече Пешевски и запраша што правеле овие луѓе 20 години за да дојдат сега и да ги бараат тие пари од Владата во состојба кога до пред два месеци доминантен сопственик бил некој друг.
Владата е доминантен сопственик со судска одлука од пред два месеца, рече Пешевски и додаде дека Владата нема интерес да биде доминантен сопственик во Славија и ќе ги преземат сите чекори потребни да го продаде тој удел.
XS
SM
MD
LG