Достапни линкови

Русија ќе испорача оружје во Сирија


Москва ќе го исполни договорот за испорака на антивозрушнен одбранбен систем во Сирија и покрај се поголемиот притисок од Запад да се запре со извозот на овие производи, изјави високиот руски претставник за извоз на оружје, Вјачеслав Џиркалин Тој вели дека таа испорака е согласно договорите потпишани пред 2008 година. Рускиот функционер сепак рече дека Москва нема планови да потпише нови договор за испорака на оружје на Дамаск.
Минатиот месец, Русија се обиде да испрати товарен брод во Сирија со три хеликоптери за сириските сили. Но, бродот не успеа да ја испорача пратката откако мисијата наиде на критики од западните сили. Вчера 11 руски воени бродови ги напуштија своите пристаништа и се упатија кон руската поморска база во Сирија, пристаништето Тартус.
XS
SM
MD
LG