Достапни линкови

logo-print

Со оценка „Добар 3“ положена Државната матура


Просечната оценка на државната матура спроведена во јуни е 3,10, според прелиминарните резултати што денеска ги соопшти Министерството за образование и наука. Успехот е приближно ист како во изминатите четири години откако таа се спроведува во Македонија.
Највисоката просечна оценка годинава има по предметот германски јазик (4,27). Сличнo како и во минатите години просечната оценка по предметот мајчин јазик и литература е околу тројка (македонски 3,32, албански 3,01 и турски 3,52.) Во однос на минатите години, има зголемување на просечната оценка по предметот математика основно (3,02) и напредно ниво (3,84).
Од вкупно 19.052 кандидати на тестирањата во јуни, матурата не ја положиле 2.632 ученици.
XS
SM
MD
LG