Достапни линкови

logo-print

Светскиот ден на населението во знак на репродуктивното здравје


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, одбележувајќи го Светскиот ден на населението упати повик за универзален пристап до репродуктивно здравје. Во соопштението од канцеларијата на Бан Ки Мун се вели дека здравствените проблеми поврзани со репродуктивното здравје остануваат водечка причина за лошо здравје и за смрт кај жените во целиот свет. Во меѓувреме Организацијата за храна и земјоделство на ОН и Организацијата за економска соработка и развој соопштија дека сега на планетата земја живеат повеќе од 7 милијарди луѓе и дека глобалното земјоделско производство мора да се зголеми за 60 проценти до 2050 година да се задоволат потребите на светското население кое постојано расте.
Осврнувајќи се на предизвиците од еколошка и климатска природа двете агенции напоменаа дека е потребен „поодржлив“ начин за зголемување на глобалното производство на храна.
XS
SM
MD
LG