Достапни линкови

logo-print

ОН- 54 либијски бегалци починале на пат кон Европа


Обединетите нации соопштија дека 54 луѓе ги загубиле своите животи во обид со чамец да го минат Средоземното Море од Либија кон Италија. Организацијата за бегалци на ОН, УНХЦР, вели дека само еден човек го преживеaл 15-дневното искушение на патот од Либија. Педесет ипетте патници тргнале од Либија при крајот на јуни, а единствениот преживеан бил спасен во близина на брегот на Тунис, дехидриран и исцрпен. Тој рекол дека останатите патници починале од дехидрација бидејќи со себе немале вода.
УНХЦР соопшти дека повеќе од 2.300 луѓе од Либија, пристигнале во Италија и Малта со брод оваа година, додека околу 170 умреле обидувајќи се да стигнат до Европа.
XS
SM
MD
LG