Достапни линкови

Јавните претпријатија тонат во загуба


Вработените во неколку јавни претпријатија штрајкуваа пред Владата, барајќи исплата на заостанати плати. Лошото менаџирање си го зема данокот.

Лошото менаџирање со јавните претпријатија е причината поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат повеќето од нив. Вака економските аналитичари ја објаснуваат неповолната слика во неколку јавни претпријатија чии вработени деновиве штрајкуваа пред Владата. Во обид да добијат барем дел од заостанатите плати, работниците бараат помош од државата, иако поголемиот дел од претпријатијата функционираат на принципот самофинансирање.
Од 12 март имаме неколку контакти со влада, имаме дадено разни соопштенија до разни инспекции и никој не дошол да не види. Сите се неми и дигаат раце од нас.

„Од 12 март имаме неколку контакти со влада, имаме дадено разни соопштенија до разни инспекции и никој не дошол да не види. Сите се неми и дигаат раце од нас“, вели Делчо Решковски од Синдикатот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.
Спортската сала Младост во Битола, каде што поголем дел од македонските ракометни репрезентативци ја почнаа или поминаа дел од кариерата се распаѓа.

Спортската сала Младост во Битола, каде што поголем дел од македонските ракометни репрезентативци ја почнаа или поминаа дел од кариерата се распаѓа.


Додава дека сите седум директори кои досега раководеле со фирмата имаат кривични пријави и само ги таложеле долговите од својот претходник.

Од синдикатот на претпријатието Ремонт на пруги бараат од Владата да го раскине договорот со компанијата Интеграл и да се активира банкарската гаранција поради неисполнување на обврските од договорот.

Барем три плати да земеме од нашите пари што се заработени, овој народ да заживее, има сметки веќе, влеговме во банкрот.

„Барем три плати да земеме од нашите пари што се заработени, овој народ да заживее, има сметки веќе, влеговме во банкрот“, изјави Борче Ѓошевски од Синдикатот на Ремонт.

Од Владата одговорија дека Ремонт на пруги е целосно приватно претпријатие во кое државата нема никаков капитал.

Она што државата може да го направи е да помогне со субвенционирање на една до две плати, но тоа не го решава проблемот велат економистите. Владата може да ги повика на одговорност луѓето кои ги довеле претпријатијата во таква тешка положба, оти тие го бираат директорот, но било каква краткорочна интервенција од нејзина страна, ќе даде краткорочни резултати, смета универзитетскиот професор Брикенд Азири. Според него, реформирањето на менаџерските пристапи во јавните претпријатија е единствениот излез од финансиските проблеми на овие фирми.

„Дел од оваа лоша менаџерска практика се практиките при вработување. Непотребни луѓе се вработуваат веројатно поради потребите на дневната политика. Сето тоа претставува дополнителен финансиски товар за овие јавни претпријатија.“

Разочарани и гневни поради состојбата во која долго време се наоѓаат, вработените во овие претпријатија бараат помош од Владата. Некои од експертите сметаат дека без разлика кој е сопственик на претпријатието, правата од работниот однос се еднакви за сите, па според тоа во јавните претпријатија каде основач е државата директно или индиректно таа има обврска да дава плати или да исплаќа придонеси за сите вработени во компанијата. Професор Азири, пак, вели дека е тешко да се даде конкретен одговор за тоа каква е улогата на државата во вакви моменти.

„Иако државата се јавува како основач, треба да се види под кои предуслови тогаш се основани тие претпријатија, како во меѓувреме се движеле, каква структура има сега.“

Поради неисплатени плати и сини картончиња неодамна штрајкуваа и вработените во јавните претпријатија, Македонија пат, ОХИС и Железница.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG