Достапни линкови

Сириската опозиција бара Русија да не го подржува Асад


Рускиот министер зa надворешни работи Сергеј Лавров и претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Рускиот министер зa надворешни работи Сергеј Лавров и претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Шефот на сириската опозициска коалиција се сретна со рускиот министер зa надворешни работи во Москва во обид да се охрабри Русија да ја прекине подршката на режимот на претседателот Башар ал Асад.
Претседателот на сирискиот Национален Совет Адбел Басет Сајда му пренел на рускиот министер Сергеј Лавров дека Сирија е во виорот на „револуција“ и дека нема изгледи за политичката транзиција.
Тој повлекол паралела со распадот на Советскиот Сојуз во 1991-та, велејќи дека конфликтот во Сирија не е едноставно прашање на „несогласувања меѓу опозицијата и власта.“
Во своето обраќање, Лавров не дал никакви индикации дека Москва е подготвена да започне поддршка на опозицијата.
XS
SM
MD
LG