Достапни линкови

logo-print

Македонија без олимписка норма


Кошаркарите беа последната шанса за остварување на олимпискиот сон.

Кошаркарите беа последната шанса за остварување на олимпискиот сон.

За првпат на најзначајниот спортски настан во светот ќе немаме ни еден натпреварувач со исполнета норма. Ова на најлош можен начин потврди дека македонскиот спорт е во голема криза, велат спортските работници.

Македонската битка за настап на Олимписките игри во Лондон (ќе се одржат од 27-ми јули до 12-ти август), заврши со досега невиден дебакл. За прв пат на најзначајниот спортски настан во светот ќе немаме ни еден натпреварувач со исполнета норма, откако (минатата недела) и кошаркарите (по ракометарите, ватерполистите, боксерите, борачите, пливачите, атлетичарите, кајакарите и другите наши спортисти), не успеаја да се изборат за олимписка виза.
Од 1998 година со одлука на Влада тренерите се фрлени на буниште. На нивно место дојдени се лепачи на плакати. Тоа е еден од приоритетите или малата грижа на државата за тој кадар. Ако немате тренери, немате учители, немате луѓе што им помагаат на спортистите, тогаш не може да се очекуваат резултати.

Ова на најлош можен начин потврди дека македонскиот спорт е во голема криза. Причините за неа се многубројни, а како најзначајни се издвојуваат лошата финансиска состојба и услови за работа. Покрај ова, за долгогодишниот пливачки селектор Димитрија Поповски најголем проблем е потценувањето на тренерскиот кадар. Тој работи без надомест, што не беше случај пред 15-ина години, кога имавме 400 платени тренери во сите спортови.
Македонската ракометна репрезентација.

Македонската ракометна репрезентација.


Проблемот е што нема долгорочна стратегија, нема план и програма за работа, што гарантира и добри резултати. Мислам дека слабо се работи исто така нестручно и во клубовите, па борењето има се помал и помал квалитет. Со добра конкуренција само може да се постигнат добри резултати. Вака работат во клубовите нестручно, без некој стручен кадар, па така ова што се случува во македонскиот спорт навистина треба да не загрижува.
„Од 1998 година со одлука на Влада тренерите се фрлени на буниште. На нивно место дојдени се лепачи на плакати. Тоа е еден од приоритетите или малата грижа на државата за тој кадар. Ако немате тренери, немате учители, немате луѓе што им помагаат на спортистите, тогаш не може да се очекуваат резултати“, изјави човекот под чие раководство исполнувањето на олимписката норма беше рутина за Наташа Мешковска, Мирјана Бошевска, Кире Филиповски, Александар Маленко и другите наши пливачи.

Слично размислува и трикратниот олимпиец во борење слободен стил, Зоран Шоров. Тој е разочаран, но не и изненаден од фактот што за прв пат по 44 години неговиот спорт ќе нема претставник на ОИ.

„Проблемот е што нема долгорочна стратегија, нема план и програма за работа, што гарантира и добри резултати. Мислам дека слабо се работи исто така нестручно и во клубовите, па борењето има се помал и помал квалитет. Со добра конкуренција само може да се постигнат добри резултати. Вака работат во клубовите нестручно, без некој стручен кадар, па така ова што се случува во македонскиот спорт навистина треба да не загрижува“, рече последниот роден Македонец кој освоил медал на врвно сениорско натпреварување во борење, бронза на ЕП пред 2 децении.

Тој, но и многуте други успеси во минатото се најдобар доказ дека Македонија има потенцијал за врвни спортски резултати. Но, за тие повторно да станат реалност, покрај макотрпната работа, неопходни се коренити промени. Според Шоров, прво во клубовите и во Федерациите, а според Поповски, во односот на државата кон спортот.

„Додека во Уставот на Република Македонија не стои дека државата се грижи за спортот, а грижата значи да се обезбедат средства за егзистенција и за подготовки, до тогаш ќе биде оваква ситуација. Ќе немаме ништо! Во овој момент спортот во Македонија е под земја. Оној момент кога државата ќе почне да се грижи за спортот тогаш може да очекуваме успеси“, додаде Димитрија Поповски.

Инаку, на Олимпијадата во Лондон, Македонија, благодарение на поканите од атлетската и од пливачката светска федерација, ќе биде претставена со четири натпреварувачи. Со овие покани, олимпискиот сон ќе им се исполни на атлетичарите Кристијан Евремов и Христина Ристеска (двајцата ќе се настапат на трките на 400 метри) и на пливачите Симона Маринова (800 метри слободно) и Марко Блажевски (400 метри мешано).
XS
SM
MD
LG