Достапни линкови

logo-print

Пренит Кор ја продолжува посетата на Македонија


Премиерот Никола Груевски претходно беше во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Премиерот Никола Груевски претходно беше во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Државниот министер за надворешни работи на Индија, Пренит Кор, која престојува во дводневна посета на Македонија денеска ќе се сретне со македонскиот колега Никола Попоски. На средбата се очекува да стане збор за изнаоѓање начини за унапредување на билатералната соработа во сите сфери од заеднички интерес, посебно во економијата, културата, образованието, науката и внатрешните работи.
Министерката Кор е придржувана од економска делегација. За време на престојот индиските бизнисмени ќе се сретнат со претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, како и со претставници на Стопанската Комора на Македонија, Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.
XS
SM
MD
LG