Достапни линкови

Бебе џиновска панда почина во токиската зоолошка градина


Џиновската панда родена минатата недела во зоолошката градина во Токио почина од пневмонија . Вработените ја нашле малата панда како лежи на градите на својата седум годишна мајка Шин Шин. Бебето панда починало еден час подоцна и покрај масажата на срцето.
Тоа беше првата панда родена во зоолошката градина по 24 години што беше славено низ цела Јапонија. Шин Шин и нејзиниот партнер Ри Ри беа изнајмени од Кина минатата година на една година за цена од околу еден милион долари. Џиновските панди имаат ниска стапка на наталитет.
XS
SM
MD
LG