Достапни линкови

Специјалци во акција за уништување марихуана во Лазарат - Албанија


General -- Cannabis plant, 22Jul2009

General -- Cannabis plant, 22Jul2009

Генералниот директор на албанската полиција Хисни Бургај, ја оцени како успешна, вчерашната полициска акција за уништување насади во марихуана во селото Лазарат, познато по производство на ова наркотично растение, јави МИА од Тирана.
Според него, во акцијата уништени се над шест илјади садници канабис сатива на нивите како и околу две илјади готови садници расад, а уапсени се повеќе лица кои биле затекнати како го наводнуваат канабисот.
Акцијата на полицијата била проследена со пукотници од огнено оружје од страна на жителите, но за среќа нема повредени. Во акцијата, учествувале околу 200 полицајци, меѓу нив и припадници на специјалните единици.
Во Лазарат кое е познато по производство на холандски сорти канабис сатив, полицијата тешко може да влезе. По немирите во пролетта 1997 година, полицијата во селото првпат влезе во мај 2010 но не најде ни садници ни готова марихуана. Според медиумите селаните годишно од марихуана заработуваат 60 милиони евра.
XS
SM
MD
LG