Достапни линкови

Јолевски - Македонија подготвена за интензивирање на преговорите со Грција


Македонски амбасадор во САД Зоран Јолевски зборува на Руми форумот во Вашингтон.

Македонски амбасадор во САД Зоран Јолевски зборува на Руми форумот во Вашингтон.

Македонија е секогаш подготвена за средби со цел да се интензивира процесот на преговори со Грција, изјави македонскиот амбасадор во САД и преговарач во спорот за името Зоран Јолевски, кој изрази надеж дека со формирањето на новата грчка влада, овој процес ќе се придвижи. На предавање во организација на Руми форумот во Вашингтон, амбасадорот Јолевски, пред претставниците на американски медиуми и на аналитички центри, рече дека Македонија заслужува членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската унија, за што единствена преостаната пречка е блокадата од страна на Грција.
XS
SM
MD
LG