Достапни линкови

Соборување на Басеску само преку референдум со цензус од 50 отсто


Романскиот Уставен суд одлучи дека за да се собори претседателот Трајан Басеску, на референдум треба да излезат повеќе од половината од регистрираните избирачи и мнозинството од нив да гласа за прекин на мандатот.

Парламентарното мнозинство во петокот гласаше за суспендирање на Басеску поради тоа што му се мешал во овластувањата на премиерот. Уставниот суд го укина владиниот амандман во законот за референдум со кој претседателот можеше да биде соборен со мнозинството гласови од оние што излегле на референдум, без оглед на излезноста.

Премиерот Виктор Понта претходно изјави дека ќе ги почитува сите одлуки на судот. Понта денеска и утре е во Брисел каде што треба да ги објасни контроверзните мерки што ги презема неговата коалиција.
XS
SM
MD
LG