Достапни линкови

logo-print

Протест на рударите во Шпанија


Илустрација: Рудари.

Илустрација: Рудари.

Илјадници шпански рудари се собраа во Мадрид на протести поради огромното намалување на владините субвенции за рударството. Две групи рудари, носејќи ги рударските шлемови на глава, се сретнаа во предградие на Мадрид и ноќеска, заедно со нивните поддржувачи, одржаа протестен марш низ централните улици на градот. Нови протести се очекуваат денеска. Синдикатите очекуваат на протестите да има најмалку 25 илјади луѓе. Во Шпанија денес работат 8-9 илјади рудари, наспроти скоро 30 илјади пред 20 години. Новата шпанска влада ги намали субвенциите за рударство за 63 проценти.
XS
SM
MD
LG