Достапни линкови

Уставниот суд во Египет против повторно свикување на парламентот


Врховниот уставен суд во Египет го „замрзна“ декретот на новоизбраниот претседател Мохамед Морси со кој се повикуваше на повторно свикување на парламентот. Вчера пратениците успеаја накратко да се соберат во парламентот во Каиро. Судот го отфрли декретот, велејќи дека пресудите на судот не се предмет на жалба.

Врховниот суд, кој е на страна на воениот Врховен совет, пред еден месец донесе одлука за распуштање на парламентот, а Морси изјави дека парламентот мора да се свика за да можат да се закажат нови избори.

Изборите може да се одржат 60 дена по донесувањето на нов Устав, кој се очекува да биде донесен до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG