Достапни линкови

Русија бара нова резолуција на ОН за Сирија


Илустрација: Сирија.

Илустрација: Сирија.

Русија се залага за нова резолуција за Сирија на Советот за безбедност на ОН со што би се продолжила мисијата на светската организација во земјата за уште три месеци без закана од санкции. Советот за безбедност мора да одлучи за иднината на набљудувачката мисија на ОН во Сирија до 20 јули кога и истекува мандатот.

Претходно, САД ги осудија сириските бомбардирања на северниот дел на Либан и го повика режимот на Башар ал-Асад да го почитува суверенитетот на своите соседи.

Бејрут започна со испраќање војници на границата со Сирија, откако сириски војници си размениле оган со други вооружени лица и притоа неколку гранати паднале на територија на Либан, при што беа ранети цивили. Официјалната сириска новинска агенција САНА го потврди насилство.

Портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел изјави дека Вашингтон „силно го осудува бомбардирањето на либанска територија од страна на сириската артилерија“. Франција исто така, го осуди сириското гранатирање и соопшти дека го поддржува либанскиот план да го зголеми своето воено присуство долж границата.
XS
SM
MD
LG